еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На мирен протест во Битола побарана слобода и правда за Ламбе Алабаковски

Попладнево пред СВР-Битола, во организација на Левица, на мирен протест беше побарана слобода и правда за Ламбе Алабаковски, кој е во притвор заради палење на вратата на културниот центар „Иван Михајлов” во Битола.

Во изјава за медиумите, локалниот претседател на Левица, Горан Велевски побара итно ослободување на Алабаковски.

-Битола е град на херојот Стив Наумов и во овој град нема место за Ванчо Михајлов. Бараме ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски и бараме информација од Централниот регистар дали е правно отворен клубот во Битола, кој во моментов претставува провокација за битолчани, истакна Велевски.

Мирниот протест заврши со марш на учесниците по булеварот „1. Мај“, каде се објектите на Основното јавно обвинителство и конзулатот на Република Бугарија во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски бара слобода за Ламбе Алабаковски

Ламбе Алабаковски ги „запали“ социјалните мрежи

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа беше поплавена заради климатските промени: Екстремните врнежи ќе станат редовна појава

Редакција

Причината за автобуската несреќа во Бугарија е човечка грешка и истрагата најверојатно ќе биде затворена, велат бугарските власти

Редакција

Момчето кое наводно било киднапирано и принудено да се самозапали, само предизвикало пожар од чии последици и починало

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница