еМагазин
Image default
Балкан

Најмладата жртва на Ковид-19 во соседството: Почина петгодишно дете во Албанија

Петгодишно дете почина како последица од комлликации со Ковид-19, што е најмладата жртва од опасниот вирус во Албанија.

Според албанските медиуми детенцето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.

-Поради влошената состојба потоа беше транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува Ора њуз.

Детето имало голема тежина, околу 54 килограми. Според официјалната статистика на Министерството за здравство детето од Саранда е 2.881 жртва од Ковид- 19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март минатата година опасниот вирус е дијагностициран кај над 800 деца.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Ципрас

Редакција

(Видео+фото) Невремето „Даниел“ предизвика проблеми и поплави во одредени делови на Грција

Редакција

(Видео) Македонски автобус за малку избегна трагедија да не пропадне во надојдената Западна Морава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница