еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најмногу дожд во Маврови Анови и Дебар, и денеска врнежи, наместа поројни

Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 87 литри на квадратен метар наврна во Маврови Анови, по што следат Дебар со 65, Крива Паланка 57, Берово 40, Скопје – Петровец 33, Куманово, Ѓуриште и Попова Шапка 31, Струмица 24, Охрид и Крушево по 23, Скопје – Зајчев Рид 22, Тетово 18, Демир Капија, Гевгелија и Битола по 17, Штип 16, Прилеп 14, Претор 13, Велес 12, Виница10, Тополчани 9 и Дојран со 8 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места беа поројни проследени со грмежи и можна појава на град. Утрово е облачно со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни од над 40 литри на квадратен метар. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сите болести да ги фатиш, аир да не видиш“: Посетител на Зоолошка со навреди кон вработена

Редакција

(Фото) Сиљановска Давкова за првпат јавно со сопругот на отворањето на „Охридско лето„

Редакција

Доктор Здравковиќ: Околу 40 отсто од пациентите имаат „продолжен“ ковид, кај вакцинираните нема тешки форми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница