еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најмногу снег и најстудено во Маврови Анови

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови, каде утринава до седум часот се измерени 47 сантиметри, потоа на Попова Шапка 25, Пожаране 23, Крушево 22, Битола 13, Ѓуриште 9, Охрид пет и Берово три сантиметри.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврови Анови каде се измерени -12 степени, во Битола -7, Охрид – 6, во Крива Паланка, Дебар и Попова Шапка се измерени – 5, во Крушево -4, во Тетово, Берово и Претор – 3, во Прилеп и Струмица – 2, во Виница -1.

Најтопло било во Гевгелија, каде се измерени пет степени.

Во првата половина од ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време, а изутринава е умерено до значително облачно. Дуваше слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне во западните делови, а до крајот на денот насекаде облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде значително облачно, а во текот на попладнето облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Алачки и Дојчиновска на скијање во Бугарија

Редакција

Зимското сметање на времето започнува викендов: Часовникот се враќа еден час наназад

Редакција

Македонија меѓу првите три земји во светот со најголем процентен пад на стапката на мртвородени деца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница