еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмногу за Град Скопје, 12: Вкупно 297 кандидати ќе се борат за градоначалници

Вкупно 297 кандидати ќе се борат на претстојните локални избори на 17 октомври за градоначалници во 80 општини и Град Скопје, а поднесени се и 546 листи за советници, покажуваат резултатите од списокот што го објави Државната изборна комисија (ДИК).

Најмногу пријавени кандидати за градоначалник – 12 има за Град Скопје. За скопските градски и приградски општини за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалник, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три, Зелениково три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник.

Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше.

За локалните избори поднесени се и 546 листи за советници во сите општини во земјава и во Град Скопје.

За Град Скопје поднесени се 15 листи за советници, за општина Аеродром девет, Арачиново четири, Бутел 13, Гази Баба девет, Ѓорче Петров осум, Зелениково осум, Илинден четири, Карпош 10, Кисела Вода девет, Петровец пет, Сарај шест, Студеничани 10, Центар девет, Чаир девет, Чучер Сандево осум и Шуто Оризари девет листи за советници.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска конститутивна седница на Собранието, десет дена рок да се обезбеди мнозинство за формирање Влада

Редакција

Договор од 27 милиони евра склучи ЕСМ со „Топлина“

Редакција

(Во живо) Втор ден протест против “францускиот предлог“ пред Влада

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница