еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) На момент заспал: Уапсен возачот на автобусот кој излета од автопатот во Хрватска, во несреќата загинаа десет лица

Хрватските власти објавија дека возачот на автобусот, кој излета од автопат во Хрватска, кај Славонски Брод, е уапсен, пишува „Дневник.хр“.

Според последните информации во сообраќајката загинаа 10 патници, а 44 се тешко или полесно повредени.

Возачот бил уапсен под сомнеж дека го возел автобусот непрописно, а потоа излетал од патот. Причините за излетувањето не се познати, но тој изјавил дека накратко заспал.

Местото на несреќата го посетил и Дамир Трут, помошник министер за внатрешни работи.

„Во автобусот имаше 67 патници и двајца возачи. Девет патници и еден возач загинаа. 44 патници се примени во болницата во Славонски Брод, каде што им е пружена лекарска помош. Осум од нив се потешко повредени, а до сега четворица се оперирани,“ изјави Трут.

Неповредените патници биле во полициска станица на испрашување.

Министерот за здравство, Вили Берош изјави дека во автобусот имало 15 малолетници, а едно девојче е потешко повредено.

„Од 15 деца три се на операција, можно е некои од нив да добијат дијагноза тешки телесни повреди,“ изјави Берош.

На неповредените им е обезбедено сместување, храна и се што им е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема трагедија: 10 лица загинаа во сообраќајка во која косовски автобус излета од автопат во Хрватска

Фото/видео: Večernji list

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши на прес-конференција на Мицкоски

Редакција

Нови 44 случаи на Ковид-19, оздравени 47, нема починати

Редакција

Необична работилница за арт третман на велосипед-најава за Скопје дизајн вик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница