еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Попова Шапка снежна покривка од 74 сантиметри, во Маврово 15

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -8 степени, а има и најмногу снег, 74 сантиметри.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, до 08:30 часот се измерени -6 степени во Берово, -5 во Маврови Анови, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Крушево, -3 во Тетово, -2 во Скопје – Петровец, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница и Струмица, -1 во Скопје – Зајчев Рид и Куманово, како и 2 степена во Гевгелија и Дојран.

Висината на снежната покривка до 7 часот во Маврови Анови била 15 сантиметри, во Крушево 6 и во Ѓуриште 3.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бранко Црвенковски во препознатлив елемент на „претседателска“ вечера во Скопје

Редакција

10 години затвор за сопственикот на „Дурмо турс“: Апелација ги зголеми казните за дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Редакција

(Фото) „Алкалоид“ со втора масовна крводарителска акција годинава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница