еМагазин
Image default
Македонија

На престојните парламентарни избори ќе нема независни листи на пратеници

На полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи и според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) на претстојните предвремени парламентарни избори ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи.

ДИК информира дека ниту еден од шестмината независни носители кои се пријавија до истекот на рокот не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните илјада.

Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.

Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алтернатива нема да учествува во работната група за измени на Уставот

Редакција

Беким Реџепи од ДУИ ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов

Редакција

Поради застарување на предмет разрешена судијката Кичеец од Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница