Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев го оствари своето избирачко право на денешниот референдум, пренесува МИА.
На гласачкото место, тој пристигнал со својата сопруга и едно од децата. По гласањето, се сретнал со јапонски новинари.
Медиумите објавија дека гласале и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев и Даниела Рангелова.
Данев е координатор на пратеничката група на партијата, а Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНе.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во неколку наврати им порача на членовите сами да решат дали ќе гласаат или не.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и потпреседателот Николоски нема да гласат на референдумот