еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На Шар Планина нема воведено забрана за движење во шума, но потребно е да се пријавите

Националниот парк Шар Планина соопшти дека нема воведено забрана за движење во шума на територија на нивното заштитено подрачје, но се бара задолжително пријавување при движењето низ паркот.

-По однос на препораката на Владата за забрана за движење во шума, ја известуваме јавноста дека ЈУНП Шар Планина нема воведено забрана за движење во шума на територија на Националниот парк.

Поради зголемена опасност од настанување на шумски пожари и земајќи ги предвид препораките на Владата, при посета на Националниот парк задолжително е пријавување на следниот линк: sarmountain.org.mk или во Дирекцијата на Националниот парк од 09 до 15 часот, информираат од НП Шар Планина.

Оттаму напоменуваат дека посетителите имаат обврска да ја напуштат зоната на строга заштита до 17 часот.

-Со цел да се спречат несакани последици, потсетуваме дека на територија на Национален парк Шар Планина е строго забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат догорчиња од цигари.

Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на тел. 112 во Центарот за управување со кризи, се вели во информацијата на НП Шар Планина.

При пријавување, покрај име и презиме, потребно е да се наведе матичен број, регистарска табличка од возилото, ден на посета и времетраење на престојот и место на движење.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викторија Лоба искрено за нејзиното липо-искуство за слабеење: Барав конкретни резултати во тесен временски период, а добив и повеќе од тоа!

Редакција

Соборниот храм по повод Велигден: Верниците треба цврсто да веруваат дека вистинската надеж секојпат е во Бога

Редакција

Левица го блокираше законот за медиуми со кој пет национални телевизии за владини реклами ќе поделат неколку милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница