еМагазин
Македонија

На средината од јули ќе започне теренската вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека околу 15-20 јули стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови.
„Во комуникација со матичните лекари, здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата преку регрутирање на податоци од тоа колку од прикрепените пациенти се вакцинирани се со цел да се опфатат и останатите. На некој начин, секој Здравствен дом ќе биде регионален центар“, рече Филипче.

Министерот истакна дека на добар пат сме да постигнеме што поголем опфат на вакцинирани граѓани. Заклучно со викендов околу 300.000 граѓани се вакцинирани во нашата држава, од кои 215.000 се ревакцинирани, а дадени се 500.000 дози на вакцини.

Во моментов се располага со доволен капацитет на вакцини, вклучувајќи ги новопристигнатите 500.000 дози на „Синовак“ и 100.000 дози „Фајзер“.

Веќе од утре кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани во сите центри низ државава, со што планирано е помеѓу 10.000-15.000 дози да се аплицираат како прва доза во следните две до три недели со што значително ќе се забрза процесот на имунизација и ќе се извакцинираат сите граѓани пријавени преку веб-страната vakcinacija.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за кинеската вакцина „Синовак“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 30 случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Редакција

Васил Јованов сакаат да го претстават како да се шекнал од болка, вели Тодор Кулаков, таткото на Фросина

Редакција

Во последните три дена, нови 151 случаи на Ковид-19 од 2.335 тестови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница