еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Најстариот жител на Делчево го прослави 101 роденден

Најстариот жител на Делчево го прослави 101 роденден. Спасена Димитровска е родена далечната 1920 година во Лисичарско Маало во делчевското село Киселица, а поголем дел од животот го поминала во село Илиово.

-Нашата пра-баба има пет внуци и шест правнуци. На лекар има одено ретко, според она што го знаеме водела здрав живот каков што воделе постарите жители на овие простори.

Работатата во село и здравата храна ја одржувала, а сега претежно консумира лесна храна, велат нејзините најблиски.

Денес баба Спасена живее во Делчево со семејството, кое за 101 роденден и годинава ја изненади со роденденска торта.

Спасена Димитровска е една од ретките на Истокот кој дочекал живот долг над еден век. Заедно со Пракса Стојковска од Македонска Каменица која е родена 1918 година се меѓу најстарите жители во Источна Македонија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По Дебар Маало и Капиштец си доби шарена зграда

Редакција

Од хуманост никогаш доста – Центро Унион донираше Favorit Electronics апарати за бела техника на младата девојка од Штип

Редакција

(ВИДЕО) Младиот херој Марко Пејчиноски за 14 часа по втор пат го преплива Охридското езеро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница