еМагазин
Image default
Македонија

Најстудено со најмногу снег во Маврово

Најниска температура изутрина во седум часот во Македонија е измерена во Маврово, каде се регистрирани – 8 степени, по што следат Крушево со – 7, Лазарополе со – 4, Берово, Охрид, Претор и Прилеп со -3, -Виница, Битола и Крива Паланка со – 2,  Тетово и Штип со -1…

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу снег има во Маврово каде снежната покривка е 26 сантиметри, во Крушево 22, во Битола 15, Тополчани 12, осум Пожаране и Лазарополе…

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито со врнежи од снег, поинтензивни претпладне и во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен северен ветер кој на северот и долж Повардарието ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.

Во Скопје ќе биде облачно студено и ветровито со повремен слаб снег, претежно претпладне. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег претежно во јужните делови и на југоистокот. Ќе продолжи да дува северен ветер поинтензивен долж Повардарието. Поради многу ниските температури ќе има појава на голомразица

За време на викендот ќе има особено ниски утрински температури. Во сабота преку денот ќе има повеќе сончеви периоди, а во недела повеќе облачност се очекува во северните делови каде што ќе има услови за локална појава на снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) А1он: Пред да биде приведена, Јанева била со синот

Редакција

Адвокатот на оштетените во несреќата кај Ласкарци: Разликата во машинското вештачење и во супер вештачењето е само заклучокот, другото е се исто

Редакција

Мијалков на повтореното судење за „Трезор” се изјасни за невин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница