еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Во 7 часот утрово најниска температура од -12 степени е измерена во Берово, а утринските температури се под нула во целата држава: -9 во Крива Паланка, -7 во Маврово, -5 во Скопје – Петровец, -4 степени во Претор, Демир Капија, Штип, Виница, Струмица, Гевгелија, Крушево и Куманово, -3 во Тетово, Прилеп и  Скопје – Зајчев Рид, -2 во Битола и -1 степен во Охрид и Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), највисока снежна покривка од 31 сантиметар во 7 часот е измерена на Попова Шапка, 24 сантиметри во Лазарополе, 17 во Маврови Анови, 8 во Крива Паланка, 7 во Ѓуриште, 5 см во Пожаране и 2 см во Крушево.

АМСМ утрово соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Ноќеска и утрово времето беше променливо облачно, на планините во западните делови имаше повремени слаби врнежи од снег. Утрово во централните делови преовладува сончево време. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

УХМР зз денеска најави променливо облачно време, со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, па снежната покривка ќе се зголеми.

Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Воздушниот притисок значително ќе опаѓа, за повеќе од 10 мерни единици. Максималната температура ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде прoменливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заболената лекарка од Куманово раскажува за состојбата со корона вирусот: Засега, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом

Редакција

Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања

Редакција

Пановски за смртноста на младите од Ковид-19: Починати од 20 до 40 години имаше и претходно, статистиката треба да каже дали сега се повеќе

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница