еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени.

Утринските температури во целата држава се под нулата, освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата.

Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид и Гевгелија -3 и во Претор -2 степени.

Најмногу снег има на Маврово – 22 сантиметри, потоа во Крушево 20 сантиметри, на Попова Шапка 17 и во Битола 15 сантиметри.

Според најавата на синоптичарите, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

Редакција

Мајката и сестрата на Вања побраа јавноста да биде исклучена од судењето, Судот одби

Редакција

Украина нема да дозволи транзит на руски гас додека не ги контролира гасоводи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница