Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 36.134 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС, највисоката просечна нето плата е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 90.628 денари, следи Воздухопловен транспорт – 66.169 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – 64.905 денари, Финаниско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 63.071 денари и Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 55.383 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во април
Просечната нето-плата во април 36.134 денари