еМагазин
Image default
Локално

Началничка во МВР „работела прекувремено“ дури 56 пати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Ј.М. началник на ОЗР во РЦ за ГР Север, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” казниво по член 353 став 5 вв член 45 од КЗ на РМ, информира МВР.

Пријавената, во периодот од 20.03.2016 година до 26.04.2018 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на овластувањето, во 56 наврати внесувала невистинити податоци за работа подолга од полното работно време со што и биле исплатени околу 110.000 денари со што директно го оштетила буџетот на МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавената е покрената иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежен работник повреден од залутан куршум во Сарај

Редакција

(Фото) Шеталиштето на кејот „13 Ноември“ во Скопје го менува ликот, ќе биде готово до почетокот на летото

Редакција

ЈСП „Скопје“: Дваесетина лица го спречуваат работењето на претпријатието, ќе следат кривични пријави

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница