еМагазин
Image default
Балкан

Над 10.000 случаи на Ковид-19 во Грција во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани над 10.000 случаи на Kовид-19, од кои 9.288 се новозаразени, а 1.274 се веројатни реинфекции, што претставува зголемен број во последните седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие починале 15 лица, а 103 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции, што е 3,9 отсто од вкупниот број позитивни резултати, а починале вкупно 30.049 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО: Погрешно време е за косовска војска

Редакција

„Знак на благодарност“: Информацијата дека Србите бесплатно ќе возат низ Македонија, топ тема во српските медиуми

Редакција

Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница