еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Над 100 полицајци, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, Општина Прилеп.

„Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) 10-годишниот Петар се уште не е најден, роднините со апел за помош: „Временските услови се многу лоши, патот е непрооден“

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Надлежните збунети: Две лица вработени во кумановската болница по втор пат позитивни на Ковид-19

Редакција

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива

Редакција

Почнуваат Петровденските пости

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница