еМагазин
Image default
Бизнис

Од првиот лет во Македонија со „Виз ер“ досега летале 11 милиони патници

Виз ер најбрзо растечката и еколошки најодржливата авиокомпанија во Европа на глобално ниво, денеска прославува 19 години од своето работење, информираат од таму.

Од првиот лет од Македонија во 2011 година, авиокомпанијата станала избор на над 11 милиони патници и сега им нуди на Македонците погодни врски по ниски цени за различни дестинации во Европа.

Авиокомпанијата има летови од Скопје и Охрид.

-По повод годишнината, авиокомпанијата им нуди на патниците попуст до 19% на сите летови во мрежата на Виз ер, без оглед на дестинацијата или избраниот период на патување. Билетите со попуст се достапни само денеска, 19 мај 2023 година.

Во своите 19 години работење, од првиот лет од Катовице до Лондон Лутон во 2004 година, Виз ер постојано ја прошируваше својата мрежа на рути и флота на авиони. Виз ер континуирано инвестира во развој на мрежата на рути за поврзување на Македонија со остатокот од Европа.

Виз ер нуди широк спектар на евтини рути до најатрактивните дестинации во Европа. Билетите се достапни за онлајн резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за храна и ветеринарство вработува 26 лица, плата до 25.123 денари

Редакција

Македонија и Бугарија во Брисел се договорија заеднички да продолжат со изградбата на пругата од Коридорот 8

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за набавка на компјутери вреден 197.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница