еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Над 3,8 милиони евра донирани во солидарниот фонд за борба со коронавирусот

Поединци, компании и институции во изминатиот период, заклучно со денеска, во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот донираа повеќе 3.882.290 евра, соопшти премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод 20 Декември – Меѓународниот ден на човечката солидарност.

„Завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава. Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста.

Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Гест, насмевка, помош да се испазари за оние кои се во изолација, донација, кој колку може.

Верувам дека и себе и на останатите им покажавме што значи солидарност на дело. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина.

Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните. Секој од нас треба да се посвети за да ја надминеме нееднаквоста. Да си подадеме рака како луѓе, како комшии, како пријатели,“ напиша Заев.

Во објавата на Заев на неговиот Фејсбук-профил е наведен и линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ампева: На здравје покачување на минимална плата, со народни пари субвенционирана

Редакција

За минимални месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари

Редакција

Минимална плата од најмалку 13.800 денари побараа денеска работниците на маршот на ССМ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница