еМагазин
Свет

Над 300 починати во Индонезија поради премор од рачно броење гласачки ливчиња

Единаесет денови откако во Индонезија се одржаа најголемите еднодневни избори во светот, над 300 луѓе од изборната администрација починаа, повеќето од болести причинети од премор по долги часови рачно пребројување изборни ливчиња, соопшти претставник на властите.

На 17 април во таа држава со 260-милионско население, за првпат се одржаа во ист ден претседателски избори, избори за националниот дводомен парламент и за регионални законодавни органи.

– До овој момент, 287 членови на избирачки комисии и 18 полицајци одговорни за редот за време на изборите починаа, повеќето поради премор, додека 2.096 луѓе се болни, изјави Ариеф Пријо Сусанто, портпарол на изборната комисија.

Министерството за здравство испратило на 23 април писмо во кое бара од болниците да обезбедат најдобра медицинска помош за болните службеници, а Министерството за финансии ќе компензира семејства на починатите.

Изборната комисија беше остро критикувана поради големиот број смртни случаи поради премор.

Пребројувањетона гласовите завршува на 22 мај кога ќе бидат објавени конечните резултати.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании

Редакција

Oсум илјади тужби против Монсанто во САД

Редакција

Руските сили почнаа со гранатирање на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница