Анкетата направена во првото тромесечие на 2018 година во Македонија, покажува пораст на онлајн трговијата.
„Во овој период нарачале/купиле онлајн 31,6% како процент од интернет корисниците, спрема 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%. Тоа значи дека 406 илјади Македонци нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци“, вели авторот на текстот Нина Ангеловска, основач на „Групер“ и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Ангеловска вели дека објавените резултати за 2018 година од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и можат да дадат мотивација за понатаомшни активности и работа за постигнување поголеми резулатати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што Македонците најмногу купувале онлајн?