еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Над 400 пациенти со Ковид-19 досега третирани со конвалесцентна плазма

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 502 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 399 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 103 единици конвалесцентна плазма, преку аферезна процедура од вкупно 48 донори.

Вкупно 449 дарители донирале плазма,со која се третирани над 400 пациенти со Ковид-19.

„Во овие сензитивни моменти, важно е да ја покажеме нашата хуманост и да даруваме плазма, зашто таа оди на вистинско место – таму каде што е неопходна и со тоа се овозможува да биде спасен нечиј човечки живот.

На овој начин и со овој највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени им помагаат на лицата, кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.

Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти, кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19,“ се вели во соопштението.

Формулар за донор на Ковид-19 конвалесцентна плазма ОВДЕ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Mајмунски“ обид за повторен страв кај населението, слободно планирајте си летни одмори, вели Беќаровски за „мајмунските сипаници“

Редакција

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат децата и младите да се вклучат во кампања за борба против онлајн насилството и говорот на омраза

Редакција

Времена забрана за ординацијата во која е третиран мажот кој почина од сепса

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница