еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Зголемено загадување во Битола, намалено во Кичево и Гостивар

Надминат е прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Битола, а прекинат е во Кичево и Гостивар.

– Согласно уредбата за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, истиот е надминат на мернoто место во Битола – Битола 2, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Од страна на МЖСПП, додаваат, доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

– Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на 2 јануари годинава, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Кичево и Гостивар, каде престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, наведуваат од Министерството.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вања имала виртуелно момче од Шведска кое на профил имало знамиња на ИСИС, полицијата не нашла поврзаност, изгубила два дена во проверки

Редакција

Се продава тоа што остана од „Славија“, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се нуди за багателна цена

Редакција

“Северномакедонците би можеле барем да се воздржат ако не можат да ја поддржат Србија“: Реакции за македонското коспонзорството на резолуцијата за Сребреница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница