еМагазин
Локално

Надзорник во штипскиот затвор барал 150 евра за внесување мобилен телефон

Кривична пријава против надзорник во Казнено поправен дом во Штип за „примање поткуп“ поднесе Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот Б.Б. (30) од Штип вработен како службено лице надзорник во Казнено поправен дом Штип во текот на месец септември годинава од осудено лице побарал парични средства во износ од 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало Наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица.

Осуденото лице пријавило кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР. Вчера пријавениот примил 150 евра од осуденото лице, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш е лишен од слобода.

Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “Примање поткуп“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекината свадба со 300 гости во струмичко, кривична за три лица

Редакција

Обид за убиство во Миравци поради нерасчистени должничко-доверителски односи

Редакција

(Фото) Кејот 13 Ноември во Скопје реконструиран и поширок

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница