еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лани намален бројот на доктори на науки и на магистри

Звање доктор на науки минатата 2022 година стекнале 197 лица, што е намалување за два процента во споредба со 2021 година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најголем број (31 процент) докторирале во здравството и социјалната заштита, 17,8 отсто во бизнисот, администрацијата и правото, 10,2 отсто во општествените науки, новинарството и информирањето, 9,1 проценти во уметноста и хуманистичките, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Лани докторска дисертација одбраниле 99 жени, што е 50,3 проценти од вкупниот број лица што докторирале во 2022 година.

-Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25,9 отсто, ја вршат својата професија во дејностите на здравствената и социјалната заштита, наведува ДЗС во објавата.

Звање магистер на науки и специјалист, пак, во 2022 година стекнале 1883 лица, од кои 1590 или 84,4 проценти се магистри и 293 или 15,6 проценти се специјалисти. Во споредба со 2021 година, наведува ДЗС, бројот на магистри и специјалисти е намален за 4,7 отсто.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2022 година е 61,3 проценти.

Најголем број од магистерските трудови лани, 611 или 38,4 отсто, биле од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 18,5 проценти се од областа на инженерството, производството и градежништвото. Потоа следуваат општествените науки со 15,1 отсто, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар на Галичица, опасност да биде зафатена и заштитената зона од шумата

Редакција

Македонија одигра нерешено со Австрија на првиот натпревар во главната групна фаза на ракометниот Мундијал

Редакција

„Не маркетите, треба нив да ги бојкотираме“: Реакции за пратениците кои не си ги скратија патните трошоци

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница