еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во април годинава е намален за 1,7 отсто во споредба со истиот месец лани, а во првите четири месеци од годинава бележи намалување од 3,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи опаѓање од 6,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,1 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има опаѓање кај Енергија за 3,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто, додека пораст има кај Капитални производи за 3,0 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември зголемени цените на угостителските услуги

Редакција

Индустриските производи поскапеле за 18,5% на годишно ниво

Редакција

Корона вирусот донесе раст во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница