еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лани намален бројот на живородени деца

Минатата година во земјава се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени 18.073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во споредба со 2021 година е намален за 3,1 отсто.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 отсто, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки, соопшти Државниот завод за статистика.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1.717, имало во јули. Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,2 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29,4 години, а кај прворотките 27,7 години. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година.

Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години.

Вонбрачни живородени деца се 2.298 или 12,7 отсто од вкупниот број живородени деца.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирил Пејчиновиќ канонизиран во светител

Редакција

Кривична од Антикорупциска за Мерко, незаконски поставил директорка на училиште во Струга

Редакција

Регистрирани 490 нови случаи на Ковид-19 од 3.073 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница