еМагазин
Image default
Бизнис

Намалени нарачки и производство во преработувачката индустрија во октомври

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е намален за 0.1 процентен поен и изнесува 14.7, а споредено со октомври лани е зголемен за 0.9 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2021, во однос на септември 2021 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на октомври 2020 година.

Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Податоците на ДЗС покажуват дека просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2021 година изнесува 70.9  проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,8  проценти, неизвесното економско опкружување со 13,7  проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 17,4  проценти и недоволната домашна побарувачка со 12 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на „Неметали Огражден“

Редакција

„Инбох“ го доби тендерот на ПИОМ за дигитализација на микрофилмска документација вреден 297.000 евра

Редакција

По неуспешната понуда за преземање од Комерцијална, Стопанска банка Битола тргната од Листата за набљудување на Берзата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница