Вкупните приходи на Тајмиште АД Кичево во 2018 година изнесуваат 101.723.000 денари и истите се намалени за 46% во однос на претходната година поради намален обем на работа, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Вкупните расходи во 2018 година изнесуваат 101.377.000 денари и истите се намалени во однос на 2017 година кога изнесувале 186.751.000 денари. Дивиденда не е исплаќана во текот на 2018 година како ниту во претходните години. Во текот на месец декември 2018 година друштвото склучи преддоговор за продажба на недвижност“, информираат од компанијата.