Владата вечерва на седница го утврди текстот на анексот на договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и „ТАВ Македонија“ ДООЕЛ.
„Со анексот на договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид“, соопшти владината прес-служба.
Како што информираа претходно од Владата за 99 проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.