еМагазин
Image default
Локално

Наместо во изолација, 42-годишник од Врапчиште заминал за Швајцарија

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот 42-годишник од село Неготино, Врапчиште, на кого со Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин „Табановце“ и се упатил кон Швајцарија.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да определи парична казна за обвинетото лице кое не ги почитувало здравствените мерки,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево очекува 3.000 гости за Велигденските празници

Редакција

(ВИДЕО) По невремето во Преспа: Автокапот Крани како погоден од ураган

Редакција

Малолетник сакал да тепа полицајци пред кафана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница