еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 2,50 на 2,25 проценти

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика и на седницата била донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,50 проценти на 2,25 проценти.

На седницата биле разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

„Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци.

Дополнителен простор за монетарно олабавување создава и последната најава на Европската централна банка (ЕЦБ) за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување преку други монетарни инструменти“, соопштуваат од Народна банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Редакција

Истрагата за пожарот во Кочани проширена за 19 лица, меѓу кои се и екс министри за економија, директори, инспектори: Детали од Обвинителство

Редакција

Бебе од Струга со тешки телесни повреди донесено во болницата „Свети Еразмо“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница