еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Продолжува годишниот раст на депозитите и кредитите

Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти, објави Народната банка.

На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти.

Според податоците што ги објави централната банка, забележано е зголемено кредитирање и на месечно и на годишно ниво кај двата сектора, но со поголем обем кај домаќинствата.

Кај корпоративниот сектор се бележи нагорна промена и на годишно и на месечно ниво за 4,8 проценти и 0,6 проценти, а кај домаќинствата за 7,5 проценти и 0,8 проценти. Растот во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во денари.

Најголем раст е забележан кај потрошувачките и станбените кредити, додека кај автомобилските кредити има месечно зголемување од 2,4 проценти, а на годишна основа продолжува трендот на намалување.

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат и месечно и годишно намалување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нов мултифункционален деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци

Редакција

„Врие“ меѓу штедачите на Еуростандард банка: „Се знаат виновниците за грабежот“

Редакција

Одморите го скастрија прометот на Македонската берза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница