еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Раст и на депозитите и на кредитирањето

Податоците на Нардоната банка укажуваат на раст и на депозитите и на кредитирањето.

Годишната стапка, како што наведуваат во соопштение изнесува 7,8 отсто при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Кредитирањето на корпоративниот сектор пак, бележи раст од 3,3 отсто.

Според објавените податоци на Народната банка, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа.

„Годишната стапка на раст изнесува 7,8 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа. Годишниот раст на вкупните кредити од 5,9 проценти се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства““, соопшти Народната банка.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 9,8, односно 8,2 проценти соодветно.

Во однос на кредитите, на годишна основа кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 3,3 отсто, а вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,6 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фершпед“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 550 денари по акција

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на затворот „Идризово“ за набавка на струја вреден 208.000 евра

Редакција

Стопанска банка Скопје лани оствари добивка од 38,5 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница