еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Вакцинацијата за Ковид-19 влева оптимизам, но се уште постојат ризици по економијата

Со почетокот на вакцинацијата за заштита од Ковид-19 се зголеми оптимизмот кај економските субјекти во однос на очекувањата за глобалниот раст на среден рок. Сепак, и понатаму постои високата неизвесност, како и ризици поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење, соопшти Народната банка.

„Во однос на економската активност во четвртиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври-ноември 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни“, велат од НБМ.

Оттаму доаваат дека стапката на инфлација во домашната економија во 2020 година се задржа на ниско и стабилно ниво од 1,2% што е речиси во целост согласно со нашите проекции.

„Девизните резерви во 2020 година остварија раст и се за околу 100 милиони евра повисоки од нашите проекции, одржувајќи се во сигурната зона.

Натамошен солиден годишен раст на вкупните депозити и вкупните кредити во 2020 година. Кредитната активност е во рамки на очекувањата, додека кај депозитите се оценува надминување на проекцијата.

Согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени“, соопшти Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Венко Глигоров сподели искуство од возењето по новиот автопат во Косово: „Честитки за нив, ние сме тешки бруки“

Редакција

Пекабеско со раст на добивката за 4%

Редакција

Штерјо Наков и Јасмина Цветаноска избрани за членови на Одборот на директори на „Лотарија на Македонија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница