еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Зголемена кредитната поддршка на домашната економија

Банкарскиот систем продолжи да обезбедува кредитна поддршка на домашната економија и во текот на вториот квартал од годината, со што придонесува за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза, соопшти Народната банка.

Во соопштение од Кабинетот на гувернерот на НБРСМ се наведува дека во второто тримесечје вкупниот обем на новите кредитни текови изнесува околу 9 милијарди денари, при што нешто над половина од овој износ се текови остварени во јуни 2020 година.

Со тоа, годишната стапка на раст на кредитите на крајот на јуни изнесува 6,6 отсто и е над проекцијата на Народната банка.

„Кредитната поддршка на банките е насочена и кон корпоративниот сектор и кон домаќинствата. Придонесот на кредитите на корпоративниот сектор во кварталниот раст на вкупните кредити е нешто поголем во однос на придонесот на кредитирањето на домаќинствата.

Од март наваму, Народната банка донесе неколку сета на мерки, во насока на стимулирање на кредитната активност и подобрување на ликвидноста, а нивните ефекти се видливи преку последните податоци за динамиката на кредитниот пазар“, се наведува во соопштението.

Од Народната банка посочуват дека согласно со најновата Анкета за кредитна активност, се очекува кредитната поддршка на домашната економија да продолжи и во третиот квартал, со олеснување на кредитните услови кај претпријатијата, а банките очекуваат и зголемување на кредитната побарувачка кај двата сектора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат до два денари

Редакција

Шопинг навики кои ќе се менуваат во 2025 година: Гевгелија Мол ќе ја промени вашата перцепција за шопинг

Редакција

Градежна офанзива сред корона-кризата: За 62,1 отсто зголемен бројот на одобренијата за градење

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница