еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нашата европска интеграција е заложник на Бугарија и на зборување за историја, што гледам дека сите земји од ЕУ го одобруваат, вели Ковачевски

Нашата европска интеграција е заложник на Бугарија и на зборување за историја што гледам дека сите земји од ЕУ го одобруваат, изјави премииерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето на дебатата на Самит Македонија 2025“, за значењето на иницијативата „Отворен Балкан“ и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан.

„Нашата европска интеграција, зборувам за Северна Македонија и за Албанија, е заложник на Бугарија. Таа наша европска интеграција е сведена на зборување за историја, што практично сите земји од Европската Унија гледам дека го оправдуваат.

Според мене, тоа е погрешно, бидејќи кога се зборува за историја не се ветува ништо, туку само се зборува за нешто што се случило пред 100-150 години. Тоа е класична уцена и не може да произведе никаков бенефит за никого.

Затоа сметам дека зборувањето за теми што ја засегаат иднината на државата се многу значајни и на таква основа треба да се водат сите разговори“, рече Ковачевски на Самитот „Македонија 2025“.

Притоа, тој нагласи дека ваквото регионално поврзување не е алтернатива за ЕУ-интеграциите.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Забрана за прелет на авионот на Лавров донесена согласно владината одлука за затворање на воздушниот простор за руски авиопревозници

Редакција

Која е уредничката која упадна со транспарент против војната во Украина во етерот на руска телевизија

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Јанева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница