еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Уште не се знае што ќе биде со трговците кои не ги почитуваат владините мерки, вели Бектеши

Во координација сме со органите на прогонот и инспекциите за три до четири дена ќе информираат, што ќе се случи со трговците на овошје и зеленчук кои не ја почитувале мерката донесена од Владата за да се обезбедат 70 проценти од потребите за домашниот пазар, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање.

Во однос на прашањето поврзано со мерката за замрзнување на цената на зеленчукот и овошјето, при што дел од производите ги нема во дуќаните и до каде е постапката за лажните фактури кои ги доставуваа увозниците, Бектеши рече дека се во координација со органите на прогонот и детално ќе информираат.

– Во координација сме со органите на прогонот. После пресот имаме и дополнителна координација. Ќе постапат сите надлежни институции во делот на лажните фактури. Ова е согласно моите последни информации кои ги имам од страна на Царинската Управа, а се доставени до нивните колеги од каде што биле увезени овие производи.

Инспекциите не потфрлуваат, на почетокот на наредната недела јавноста ќе биде информирана од надлежните институции. Се работи за компании кои се занимаваат со трговија, односно над 95 отсто се компании кои увезуваат, рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гравот повлечен од продажба во дел од маркетите – причина е замрзнатата цена

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште еден црн ден за Македонија: Починаа 12 лица од Ковид-19, вкупно 862

Редакција

Lyca Mobile стана МТЕЛ, заврши процесот на аквизација

Редакција

Кои се најголемите акционери во велешки “Димко Митрев“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница