Советот на јавни обвинители денеска ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за обвинители во Јавното обвинителство на Македонија.
Не беа избрани четири други кандидати: Валентина Стојановска, Вилма Русковска, Даница Монева и Златко Биковски.
Пријавата на кандидатот Ислам Абази беше повлечена, бидејќи тој во меѓувреме беше избран за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје
Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци добија нови обвинители