еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Наташа Апостолоска од Тетово денеска ги „запали“ социјалните мрежи, откако на Твитер објави дека лицето кое во сообраќајна несреќа удри во моторот на нејзиниот сопругот му е изречена условна казна.

Во таа сообраќајна несреќа сопругот на Наташа почина, таа го изгуби бебето, а и ѝ се нанесени тешки телесни повреди.

Станува збор за сообраќајната несреќа која пред две години се случи кај Млечен ресторан во Скопје.

Апостолоска, исто така на Твитер информираше дека обвинетиот не се појавил да ја слушне казната, при што според Наташа, тој излегол жртвата на крајот од целата постапка.

Фото: Твитер/Апостолска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Грција го гради најголемиот и најзелениот паметен град во Европа, вреден 8 милијарди долари

Редакција

62% од граѓаните поддржуваат пристап кон ЕУ, паѓа перцепцијата за влијанието на САД

Редакција

Побрзајте со скарата: Првомајска временска традиција со дожд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница