еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

НАТО испраќа дополнителни 700 војници на Косово и подготвува уште еден баталјон

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово со цел да се потисне насилството што избувна на северот и ќе се подготви уште еден баталјон што ќе го испрати доколку има потреба.

„НАТО го презема овој чекор за да се осигура дека КФОР ги има силите и способностите што му се потребни за извршување на својот мандат“, рече Столтенберг на прес-конференција во Осло по состанокот со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Тој додаде дека насилството го враќа Косово и целиот регион еден чекор назад и ги изложува на ризик евроатлантските аспирации и дека силите на НАТО во Косово ќе ги преземат сите неопходни чекори за да се осигура безбедноста на целото население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел бара итно продолжување на дијалогот Белград – Приштина

Курти ја обвини Србија за инцидентите на Косово

МИА/Фото: Еуролекс/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малиот Михаил за четири часа доби можност за нормален живот

Редакција

Живко Мукаетов купи 400 акции на Алкалоид

Редакција

Грчки државјанин починал во казино во Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница