еМагазин
Свет

Навални откри зошто бил труен со „новичок“

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека е сигурен оти руските разузнавачки служби го труеле со нервен агенс „новичок“, бидејќи претставувал закана за власта пред парламентарните избори следната година.

– Свесни се дека постојат големи, големи проблеми, кои им претставуваат закана пред изборите за Државна дума, истакна Навални.

Тој нагласи дека не знае како нервниот агенс влегол во неговиот систем, додавајќи дека постои можност да допрел нешто. Навални додаде дека неговото закрепнување би можело да трае уште два месеца.

Рускиот опозиционер истакна дека има проблем со тресење на рацете, оди на физикална терапија, неговото здравје е значително подобрено, а лекарите се изненадени од брзото закрепнување.

МИА/Фото: Фејсбук/Навални

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Русите киднапираа двајца украински градоначалници, локалните жители протестираат

Редакција

(ВИДЕО) Масакaр во живо на турнир за видео игри во САД: Најмалку четворица мртви

Редакција

Талибанците имаат повеќе борбени летала од Македонија и неколку други членки на НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница