еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НБРМ: Растот на економијата помал од очекуваното

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ на редовната седница и одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75 отсто.

Од Народна банка соопштуваат дека последните макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика од априлскиот циклус проекции, упатува на одредени отстапувања во одделни сегменти од економијата.

– Согласно со објавените проценети податоци, растот на БДП за првата половина од годината е послаб од очекуваниот, главно заради привременото запирање на дел од поголемите проекти во рамки на јавните инфраструктурни инвестиции.

За третиот квартал, при ограничен обем на расположливи податоци, засега не може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата, но сепак, најголемиот дел од високофреквентните податоци упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во овој квартал од годината – велат од НБРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ММФ ни предвидува минимален раст на БДП од 1,6%, Владата останува на проекцијата од 3,2%

Македонскиот БДП лани со пораст од 0,2 отсто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица

Редакција

Русија ја повика Европа да најде фер компромис, но тие не сакаа да не слушнат, рече Путин во говорот на воената парада во Москва

Редакција

20,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница