Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска за Топ тема на телевизијата Телма откри дека антикорупционерите во истрагата за синот на претседателот на Собранието, Талат Џафереи, дошле до заклучок дека во времето кога тој положил правосуден испит, дозволувањето да се полага правосуден пред да се завршат мастер студиите било масовна појава.
-Знаете која е бројката? 449 студенти. Значи тоа е појава. Тие сигурно не чекале да им дојде рокот за да полагаат правосуден испит. Претпоставувам, ама не можеме да докажеме, вели Ивановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ