еМагазин
Image default
Бизнис

Не е дојден крајот на евтините авиобилети, да се купуваат порано, порачува директорот на „Виз ер“, Ташнер

Колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за него. Евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите, што порано, порача во интервју за МИА, Роланд Тишнер, извршен директор и офицер за операции во „Визер Унгарија“.

„Одредувањето на цените е секогаш динамично. Еден од факторите којшто влијае врз одредувањето на цените, е, секако побарувачката. И од особено значење е, кога патниците ги купуваат нивните авиобилети, односно датумот нели кога се купува, до датумот кога треба да се реализира летот.

Она што сакам да го кажам со ова, е, дека колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за истиот. Исто така, други трошоци, односно фактори, коишто влијаат врз одредувањето на цената, се трошоците за самото работење односно за операциите.

Цените на горивото и секако трошоците за работна сила, односно за вработувањата и нашите вработени. Но, сите овие фактори може да бидат, нели се променливи, сите може во исто време и да влијаат и да не влијаат на одредувањето на цените.

Но, она што секогаш го правиме, е, да понудиме најдобри, да дадеме најдобра понуда и најпристапна за нашите патници,“ вели меѓудругото Тишнер во интервјуто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана склучи договор со Јунајтед Интернешнл Технолоџис, вреден 1,4 милион евра

Редакција

Мукаетов: Кризата со Ковид-19 не потсети на огромното значење на домашното производство во стратешки важните индустрии

Редакција

ЈП „Градски паркинг“ Скопје во првото полугодие со добивка од 11,1 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница