еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Не e време за целосно укинување на ковид-мерките или пак нивно намалување, вели Сали

Се уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со Ковид-19. Првиот човекот на здравството во државата, министерот Беким Сали, денеска изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.

– Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките.

Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците.

Еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кој што се хоспитализираат. Според таа состојба, ние уште не сме спремни за намалување на мерките, рече министерот Сали, кој истакна дека дел од ковид центрите во државата се затворени и дека нема потреба од дополнителни кревети.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија пред Германија, Турција и Франција во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на кралицата Елизабета Втора

Редакција

Мерко не се чуствува виновен за незаконското поставување на директори во училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница