еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Не гледам дека има некоја пречка за плаќање на рускиот гас во рубљи, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Можат да се прават трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска.

– Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно, рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната прес-конференција заедно со потпретседателката на Европската инвестциона банка (ЕИБ), Лилјана Павлова дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубљи.

Гувернерката посочи дека воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот.

– Се што беше до Централната банка како регулатива веќе е подготвено. Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување, порача Ангеловска–Бежоска.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во водите на Вардар најдено телото на Иса Рушити, по кого се трагаше три недели

Редакција

Лицата со повисоки приходи ќе плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на пониска основица

Редакција

Во Дубаи уапсен, па ослободен Шеваљ Муареми, водачот на групата од Грчец?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница