еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Не очекува невреме со пороен дожд и град

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Според УХМР,  и утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 22 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 29 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Талат Џафери ја омажи ќерката

Редакција

(Видео) Во битолско Кравари по крстот скокаа и три девојки, крстот го фати една од нив

Редакција

Собранието го донесе Законот за прекинување на бременоста: Укинување на постојните административни бариери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница